Општина Бутел од една мрачна зона се претвори во една убава средина за живеење. Во време кога СДСМ имаше градоначалник имаше мафијашко дивеење по улиците бидејќи имаа поддршка и од централната власт и од локалната, изјави во своето гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
-Сакам да ја пофалам дирекно работата на МВР, првиот човек на министерството Панче Тошковски. Она што можеби беше нормално живеење во Бутел во периодот кога СДСМ имаше градоначалник а тоа беше едно такво мафијашко дивеење по улиците бидејќи имаа поддршка и од централната власт и од локалната власт, беа блиски соработници. Тоа во минатото сме го аргументирале и докажувале, рече Котовски.
Животот на граѓаните на оптина Бутел се подобрува, а задоволството од работата на МВР е очигледно вели Костовски.
-Водачите на тие групи, најголем дел од тие групи се веќе зад решетки и во оваа прилика честитам за успешната работа на МВР, бидејќи го подобруват животот на граѓаните на општина Бутел и навистина тоа задоволство кај граѓаните навистина се гледа и го охрабрувам министерот, има максимална поддршка со ова работа бидејќи само на тој начин првин можеме да изградиме здрава општина а потоа и здрава држава, вели Костовски и додава:
-Граѓаните го приметуваат тоа и го поздравуват. Јас можеби бев еден од ретките кандидати за градоначалници кои што во своите јавни настапи покрај тоа што ветував модернизација, промена на општина БУтел, ветував и поголема безбедност. Сите занаеа да ми кажата дека ти дирекно не влијаеш, градоначалник си и т.н, но јас бев убеден дека за многу скоро за следните пармаментарни избори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има и централна власт и дека сето ова што денеска се случува ќе се случи. Бутел навистина од една мрачана зона да се претвори во една убава слободна зона за живеење која што покрај тоа што се олабави од таков тип на улични бандити го промени и својот изглед како општина, истакна Кoстовски.
Во продолжение можете да ја погледнете целата емисија: