Македонија Наткаст

Костов за однесувањето на адвокатите од судењето „Пулс“: Ова ќе е светски адвокатски срам од Македонија

За адвокатскиот резил на судењето за трагедијата во „Пулс“ и крајната безобразност и бескруполозност од недостиг на какво и да е чувство на вина кај обвинетите, за обвинителските утки со дилетантското проширување на обвинението, но и за насушната одговорност која мора да ја зафати судско-обвинителската октроирана фела, даде свое видување Костов.

Костов за однесувањето на адвокатите од судењето „Пулс“: Ова ќе е светски адвокатски срам од Македонија

Сотир Костов, поранешен јавен обвинител, истражител и аналитичар гостуваше во Наткаст со Љупчо Цветановски, каде Костов даде свое видување за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

-Сега малку повеќе се заплеткаа, имаме промена на обвинението, имаме откажување од докази. Еднаш кажав дека не е добро и дека тоа ќе даде еден „вид силина“, ајде под наводници нека бидена адвокатите и одбраната. А знаеме како поголем број на адвокати прават одбрана, еве сега видовме и како при изјаснувањето, една голема брука да ти кажам, никој од обвинетите да не чувствува ни малку вина за она што се случи во Кочани, рече Костов.

Костов потенцираше дека ова е голем резил и голема брука.

-Јас само за Кацарска и за Русковска имам употребено светски судски срам од Македонија, а ова ќе го кажам светски адвокатски срам од Македонија. Се приметува не ги напаѓам обвинетите, затоа што Законот им дава за право да зборуваат вистина, да зборуваат невистина, да менуваат искази и има кој да цени тоа, судијата и судечкиот совет. Ама адвокатите, тие имаат права да прават таква конструкција на одбрана, ама барем еден да не рече дека барем малку чувствувам вина само од аспект дека има 63 починати, голем број млади животи, јас порерирам со бројка 180 повередеи, тешко повредени, долгогодишна рехабилитација, ожалостени семејства, изгубени вредности, животот како најголема вредност, и да никој не каже, па дури имаше таму сценски настап до суицидно однесување и нека е така, ама да не прават театар, дециден е Костов.

Безсрамно, бескруполозност, бесчувствително, додаде Цветановски.

Костов се надоврза дека е многу изненаден и дека намерно ова го кажува со цел реакција на адвокатите.

-Сакам да предизвикам некој од адвокатите, да видам каква е таа етика и морал адвокатска, каде е кодексот на адвокатите? Муабетот помеѓу адвокатите како бранители, тоа не се кажува, ама барем да укажат на штетните последици, да укажат на направената штета, еве и јас ги раслојувам имаме дирекни учесници на настанот, тие што навистина го сториле битието на кривичноито дело, општо загрозување на сигурноста, ама имаме и индиректни онаа причинско последична која се протега до два-тринаесет години ама таа ќе оди потешко. Ама барем овие да се изјаснеа, сите они не знаеле, неинформирани, они биле чисти ко пелени бебешки, испрани, рече Костов.

Тој потенцира дека лично бил погоден кога го слушнал тоа.

-Многу сум разочаран, ова го зборувам од етичка, морална гледна точка и од аспект на отговорност, потенцира Костов во гостувањето во Наткаст со Љупчо Цветановски кое може да го проследите во продолжение.

To top