Македонија За или против

Костов: Ова е момент кога одговорноста треба да биде на преден план

Сепак таа оценка во целост важи за судот и судиката говорот што го одржа. За обвинителството сум малку во недоумица, се спротивстави за одлагањето што е добро, безпредметно, ама како да ги дадоа поените за одлагање, но зграшија што отфрлија докази каде предност им даваат на адвокатите и ги издигаат на повисока позиција, потенцира Костов.

Костов: Ова е момент кога одговорноста треба да биде на преден план

Сотир Костов, поранешен јавен обвинител, истражител и аналитичар гостуваше во емисијата За или Против на АЛФА ТВ кој даде свое видување за започнатиот судски процес за случајот со позарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Оној момент кога ќе бараме правда, ама ќе бараме целосна правда, вистинска правда сеуште сум на тие позиции. Ова е момент кога одговорноста треба да биде на преден план. Секој треба да одговара за неделата што ги направил во случајот кривични дела. И овде стојам на тие позиции. Ретко давам брзи оценки, ама да тргнам со право сум прашан. Државата денес покажа, односно судството дека организационо, технички е подготвена да го истера до крај овој кривично-правен настан, рече Костов.

Тој потенцира дека атмосферата не е најдобра, бидејќи е тензична и има притисоци од повеќе страни и во таква атмосфера не е најдобро да се суди, да се води процес, да се изведуваат докази, да се утврдува фактичка состојба, да се пресудува, да се поднесуват жалби и да се дојде до правосилност.

-За обвинителите и судиите добра оценка за почеток одолеаа на предлозите за веданш за одлагање на случајот, покажуваат дека имаат решеност, конечно принципите на на кривичното право, судството и обвинителството да се спроведуваат и мислам дека и тоа е добро. Сепак таа оценка во целост важи за судот и судиката говорот што го одржа. За обвинителството сум малку во недоумица, се спротивстави за одлагањето што е добро, безпредметно, ама како да ги дадоа поените за одлагање, но зграшија што отфрлија докази каде предност им даваат на адвокатите и ги издигаат на повисока позиција, потенцира Костов.

-Најмалку ќе зборувам за родителите, блиските на почитаните оти се најчувствителни, најпогодени и се голени шансите да им згрешиме, додаде Костов.

Сотир во своето излагање потенцира дека најјака порака е пренесена со сликата каде е објавена плаката „Ве гледаме“, они ни кажуваат на сите дека како најпогодени дека се со вклучени сонди и очи и уши и ум. Тој ги пофали новинарите дека како што денес коректно известувале да продолжат така до крајот да известуват, а не да избрзуваат и да вадат од контекст и да прават сензации.

To top