Во СДСМ започнаа првите расчистувања со сите што не се вклопуваат во новата линија на партијата, наметната од блиските соработници на Ана Чупеска. Првата жртва на новата доктрина е градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Иако долго време важеше за фаворит на струмичката организација, Костадинов не се најде меѓу кандидатите на СДСМ за нов мандат. Напротив, одби да се кандидира, откако партијата почна да се води од, како што извори внатре во СДСМ тврдат, “агендата на Чупеска” – агресивна либерална линија која сѐ повеќе се обидува да го претвори СДСМ во идеолошка копија на неуспешните западни левичарски експерименти.
Костадинов, кој претходно јавно ја замрзна својата партиска припадност, не сака да се врати во политичка структура која, според него, го изгубила контактот со реалноста и со сопствениот народ. И наместо да биде повикан назад, беше прескокнат од раководството – како прв чекор во чистката на сите кои не мислат „по пропис“.
Од партијата во која некогаш членуваа луѓе со различни ставови и силни карактери, СДСМ станува тесен идеолошки клуб, со јасна агенда и без простор за поинакво мислење.
Политичкиот крај на Костадинов во СДСМ е само почеток. Следуваат ли нови жртви?