Македонија Јовчески за Курир

Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот

Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот

Свесно, контактибилно, без видливи знаци за надворешни повреди е четиригодишното дете кое попладнево беше донесено во Клиничкиот центар во врска со излетувањето на автомобилот во водите на Вардар кај Рашче, вели за Курир директорот на Клиниката за Детска хирургија, Лазо Јовчески.

Детето било примено во Ургентниот центар, по што била повикана екипа од Детска хирургија која го превземала за натамошни испитувања.

-Поставено е на мониторинг, направени се анализи и КТ. Имаше мала хипотермија која брзо се регулираше. Згрижено е на одделот за интензивно лекување и е во стабилна состојба. Ќе биде задржано на опсервација, вели Јовчески.

Според извори на Курир, на Детска хирургија пристигнала и мајката на детето кое претходно, на местото на несреќата, беше пронајдено од случајни минувачи.

Според последните информации, за кои информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, автомобилот е извлечен од водите на Вардар и во него се пронајдени три тела. Повеќе за тоа на следниот ЛИНК.

 

 

 

 

Најнови вести од Македонија

To top