Македонија нема транспарентност во работата на комората

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо со струка, Лекарската комора се занимава со политика!

Нефунционални оддели по клиники и болници ширум државата. Интензивно заминување на медицинскиот персонал од јавното здравство, велат од Комисијата за здраство на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо со струка, Лекарската комора се занимава со политика!

ДАЛИ ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ГИ ВРШИ СТРУЧНИТЕ НАДЗОРИ СОГЛАСНО ЗАКОН, КОИ КОРЕКТИВНИ МЕРКИ СЕ ПРЕЗЕМЕНИ И ЗОШТО НЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ- НАМЕСТО СО СТРУКА КОМОРАТА СЕ ЗАНИМАВА СО ПОЛИТИКА!

Нефунционални оддели по клиники и болници ширум државата.

Интензивно заминување на медицинскиот персонал од јавното здравство.

Невиден мобинг врз кадарот и неправилности кои секојдневно се пријавуваат во Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ од здравствените установи низ државата.

Иако прв збор им е транспарентост, сепак во јавноста нема нитуеден достапен извештај од стручен надзор.

о тоа не е јасно ниту кои се мерките преземени од тие стручни надзори, а токму предлози и мерки за подобрување на состојбите се основната цел на овие стручни надзори.

Па така, цели 7 години на увид на јавноста недостасува информација што е подобрено во болниците како резултат на стручните надзори.

Оттука прашуваме која е улогата на Лекарската комора и кои активности освен декларативни заложби ги презема за подобрување на исклучително лошите состојби во јавното здравство што се потврди и во Извештајот на Европската комисија?

Колку надзори има спроведено Лекарската комора и зошто нема транспарентност во работата на Комората чија цел е унапредување на состојбите, а не политизирање на состојбите и непреземање мерки за унапредување на состојбите?

Показател за отсуството на грижа на Комората за состојбите во здравството е и фактот дека претседателката на Комората, д-р Калина Гривчева Старделова не ја удостои јавноста и не се појави на Анкетната комисија во Собранието да даде стручно мислење за скандалот на Клиника за онкологија “Диво месо” кој ја потресе јавноста.

Со оглед на нелегитимниот избор и конфликтот на интереси со две неспоиви функции на Старделова ваквата незаинтересираност, ароганција и одработување за ситни политички игри се веќе видени и повеќе од очекувани!!!

Токму непреземање иницијативи и активности за подобрување на состојбите во јавното здравство ќе останат синоним за актуелното раководство на Лекарската комора која покажа дека не може да се справи со проблемите како на здравствените работници, така на фелата но и целиот здравствен систем, стои во соопштението на Комисијата за здраство на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top