Македонија Надвор од функција се поголем број од пунктовите на ИМП во град Скопје!

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Катастрофлна состојба и со Итната медицинска помош – уште еден грд споменик на неспособната власт

Несоодветно обновување на возилата за Итна помош кои не ги задоволуваат потребите на граѓаните согласно на стандардите! Возила за итна помош прокапуваат и се во исклучително лоша состојба!, велат од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Катастрофлна состојба и со Итната медицинска помош – уште еден грд споменик на неспособната власт

На фотографиите јасно може да се види фактичката состојба од дел од возилата за Итна помош, како и условите во пунктот за Итна помош во Карпош

Недоволен број на тимови и неинвестирање во кадарот!

Без соодветна, според Закон за здравствена заштита, медицинска униформа!

Надвор од функција се поголем број од пунктовите на ИМП во град Скопје!

Без унифициран бенифициран стаж на вработените во ИМП на ниво на Македонија!

Ова ли се тие “европски” вредности за кои очигледно само им се полни устите, наспроти пустошот на терен во секој сегмент од здравството вклучувајќи ја и Итната медицинска помош?!

ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе иницира јакнење на капацитетите на службата за Итна помош со обезбедување на нови возила за ИМП опремени со соодветна медицинска опрема

1.Јакнење на капацитетите на службата за ИМП со обезбедување на соодветен број на медицински тимови според препораките од ЕУ врз основа на бројот на населението

2.Исто така ќе обезбедиме соодветни специјализации од областа на ургентна медицина на докторите вработени во службата за ИМП, со што би се задржале докторите.

Најнови вести од Македонија

To top