Македонија

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Целосна дуизација на здравството додека Владата е во оставка

Вчера попладнето изготвени се решенијата на сите 18 лица со договор на дело на Клиниката за токсикологија, иако формирањето на влада не е завршено, вклучувајќи го договорот за работа на болничарот што барал урина со дрога да се замени за чиста урина.

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Целосна дуизација на здравството додека Владата е во оставка

ЦЕЛОСНА ДУИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТО ДОДЕКА ВЛАДАТА Е ВО ОСТАВКА

Вчера попладнето изготвени се решенијата на сите 18 лица со договор на дело на Клиниката за токсикологија, иако формирањето на влада не е завршено, вклучувајќи го договорот за работа на болничарот што барал урина со дрога да се замени за чиста урина.

Ја прашуваме организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази:

1. Дали ги има испочитувано законските прописи, односно дали има побарано мислење од Државната комисија за спречување корупција во однос на ангажирање на овој кадар?

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

2.Дали се точни информациите дека на Клиниката за токсикологија нема антидоти за тешки метали, цијаниди, парентерални форми за печурки и токсични алхохоли, Hyperpirexia, реактиватори на холинеатераза и други антидоти за поретки труења?

3.Зошто не е постапено од стрна на директорката и покрај тоа што поднесени се неколку барања за набавка на антидоти?

4.Зошто не е акредитирана лабораторијата по ИСО стандарди?

5.Зошто на оваа Клиника,како и во сите останати не се водеше грижа за кадарот, па заради недостиг на кадар се прекина сменската работа и работата за викенди на штета на пациентите?

Ваквото самоволие завршува, граѓаните се одлучни за промени.

На дуализмот и незаконието,како и владеењето со уцени и закани ќе ставиме крај, а квалитетот и знаењето во здравството за нас ќе бидат императив.

Најнови вести од Македонија

To top