Македонија извештајот се очекува за десеттина дена

Комисија ќе утврдува дали има пропусти во случајот со починатата родилка од Делчево

Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.

Комисија ќе утврдува дали има пропусти во случајот со починатата родилка од Делчево

Министерството за здравство ќе формира стручната Комисија за случајот со родилката од Делчево, која на 26 декември 2023 година почина на КАРИЛ во Скопје, а била донесена во лоша здравствена состојба од Клиничка болница-Штип.

Од кабинетот на министерот за здравство, Фатмир Меџити за МИА велат дека формирањето на стручната комисија е по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оваа Комисија треба да го разгледа начинот на лекување и дали се направени пропусти, а извештајот се очекува за десеттина дена.

Инспекторите на ДСЗИ веднаш извршија увид во Клиничка болница-Штип и КАРИЛ-Скопје, а на 29 декември 2023 преку пишано соопштение информираа за направениот увид на двете Клиники во земјава.

Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.

-Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стоеше во соопштението на Клиничка болница-Штип на 28 декември.

Новороденчето на 26 годишната родилка е на Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска-Чолаковска вели дека е подобрена здравствената состојба на новороденчето и не е на механичка вентилација.

-Новореденото се уште е на Одделот на интензивна нега и терапија, но подобрено и веќе не е на механичка вентилација. Терапијата и интензивното следење продолжува, на Одделот за интензивна нега. Очекуваме во следните денови да биде префрлено и на одделот за неонатологија, вели за МИА Цвејоска-Чолаковска.

To top