Денеска во базата „Бутмир“ беше одржана комеморативна церемонија во чест на припадниците на Армијата на Македонија кои ги загубија своите животи за време на извршувањето на мисијата во рамки на ЕУФОР, во операцијата „АЛТЕА“.
На церемонијата присуствуваа командантот на ЕУФОР, генерал-мајор Флорин Маријан Барбу, началникот на штаб на ЕУФОР, бригаден генерал Тибор Сабо, како и високи национални претставници на ЕУФОР. Присутна беше и Светлана Секуловска, министер советник и вршител на должноста амбасадор на Република Македонија.
ЕУФОР со длабока почит им оддаде признание за нивната служба, посветеност и жртва.