Македонија колумна

Колумна на Сотир Костов: Ред, поредок, закон, одговорност, реформи и правда – наспроти безредие, хаос, немири, насилие и беззаконие

Ќе поддржиме, ред, закон, одговорност, реформи и промени, или пак ќе дозволиме да не манипулираат и заведуваат деструктивни и субверзивни странски елементи и домашни злонамерни некадарници, кои создаваат безредие, хаос, немири и беззаконие?

Колумна на Сотир Костов: Ред, поредок, закон, одговорност, реформи и правда – наспроти безредие, хаос, немири, насилие и беззаконие

Прво и основно прашање: Кој и зошто сака, во многу чувствивтелен период на болка, тага и жалење, Македонија да ја втурне во вештачки исценирана криза? Ќе дозволеме ли пред очи некој од страна да ни ги подбуцнува и поттикнува студентите за нереди и насилие? Какво е тоа деструктивно координирање? Што значи таквата КАНВАС обука? Нели е тоа вовед во шарена некрофилија, црно сценариор, што еднаш го преживеавме? Свесни ли сме за крајните последици и огромната штета?

Ќе поддржиме, ред, закон, одговорност, реформи и промени, или пак ќе дозволиме да не манипулираат и заведуваат деструктивни и субверзивни странски елементи и домашни злонамерни некадарници, кои создаваат безредие, хаос, немири и беззаконие?

Еве како во нјатешките моменти за нив, размислуваат Кочанчани:“ …Ние во Кочани секогаш сме биле разумни и рационални луѓе…..Не бараме револуција за менување власт, бараме револуција за промена на колективната свест….“.

Драги мои сограѓани и Македонци, некои субверзивни елементи, домашни и инострани, пред очи ни ги манипулираат и заведуваат студентите. Мораме да сме на штрек! Тие се злонамерни месии и лажни, неспособни и грди лидери. Зад сцената, позади нив стојат деструктивни идеолошки и криминогени ментори, кои сакаат да ги злоупотребат студентите – сепак се тоа децата на Македонија. Не смееме да го тозволиме тоа. Грдите лица на злонамерата сакаат да управуваат со студентите како Гранд гињол кукли. Лошо ги советуваат – бесчувствителни се и нехумани. Погрешно ги насочуваат – ја користат нивната збунетост, нивното неснаоѓање, нивното незнаење и нивната неукост. Најдеструктивни се во обуката: во стилот “ќе го скриете идентитетот, не дејствувајте и не се истакнувајте како поединци, туку како пленумски конструкт, направете ова, сторете го тоа и тоа“. Па ова скандалозно искористување на младоста, непочитување на личноста како homo sapiens, деградација на здравиор разум.

Видовме, чувме и разбравме – студентите се злоупотребени. Тоа не треба да се докажува. Очебијно е. Ин флагранти се затечени и фатени сторителите. Кои се нивните идеолошки ментори? Кој ги фрла во криминална дестабилизација? Кој сака да ги искористи, и потоа да си ги измие рацете? Не ги сакаме, и ги одбиваме Понтиј Пилатите – како оние од странство, така и домашните.

Зошто најгласни се субјектите, елементите, поединците и групите кои долги години го толерираа криминалот, не го санкционираа, и сега кога имаме најсеопфатна, целосна и темелна акција против тој криминал, прават опструкции, без да бираат средства, не мислејќи на штетните последици за Македонија и за сите нас во неа. Тоа е лицемерие и злонамерие. Прашувам: Зошто мораме да трпеме бедна некрофилска кампања на “шарените“, Левица и СДСМ?

Луѓе, ова мора да го спречиме. Не смееме и немаме право да го дозволиме. Ни наметнуваат отсуство на чувство и непочит кон настраданите во трагедијата во Кочани(починати, тешко повредени), неводење сметка за големата тага и непреболот на родителите, роднините и блиските на настраданите, нанесува огромна штета на социјалниот капитал кој ни е повеќе од потребен(човечност, хуманост, разбирање, поддршка, блискост, соработка), кого и така го немаме во големи количини, поради ковидот, лагите, манипулациите, корупцијата, криминалот.

Пред нас е голем и одговорен избор: Македонија со владеење на правото, држава во која владеат законите, систем во кој институциите покажуваат подготвеност за бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата, или пак сакаме “како и досега“, Македонија заглибена во криминал, неефикасни институции, неодговорни политичари и државници, забегани коруптивни политички и бизнис елити(кронизам, непотизам, корупција, партиократија), и режим во кој нема одговорност(без чувство за морал и работна етика), нема правда(пасивна и криминализирана полиција, неактивно, неспособно и лакомо за пари обвинителство, партизирано судство).

На сите студенти кои се збунети, затекнати, дезориентирани, а секако и на оние кои дозволуваат некој да ги манипулира, заведува и с´ска, им предлагам нека ја погледнат снимката од вчерашниот Марш на молкот во Кочани и нека ги прочитат пораките од моите Кочанчани(“ …Ние во Кочани секогаш сме биле разумни и рационални луѓе…..Не бараме револуција за менување власт, бараме револуција за промена на колективната свест….“(Целиот текст насловен “Марш на молкот во Кочани: Граѓаните бараат промена на колективната свест“, Лидер.мк, МКД.мк, ПРЕС.24, Независен.мк, Либертас.мк и повеќе други медиуми).

Ајде да ги послушаме кочанчани, и нека победи разумот.

 

Сотир Костов

Најнови вести од Македонија

To top