На социјалните мрежи, буквално и фигуративно, врие по ставањето на Артан Груби на Црната листа на САД.
Ликот познат по играње на мали голчиња и баскет во канцелариите на своето министерство, Првиот вицепремеир на Ковачевски, десна рака на Али Ахмети, познат и како тепач на малолетници на скопското Кале, каде и ја направи кариерата, сега доби силен сеир од граѓаните на кои минатите години им омрзна чаламот на функционерот кој возеше Ауди на комшијата од 80 илјади евра. И му го запалија. На комшијата…
Меѓу другото, ова е првиот Прв Вицепремиер на Ковачевски кој се најде на црна листа на САД.
Ова е најчестата нумера која граѓаните на социјалните мрежи ја пуштаат во чест на ликот и делото на Груби. Нежна нумера. Во изведба на легендарните ГНР.
ЛИНК ДО НАЈШЕРУВАНАТА НУМЕРА ЗА „ПОДДРШКА“ НА ГРУБИ