Македонија 30.8% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро би ја воделе општината

Кој најдобро би се справил со проблемите во Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголема доверба од СДСМ

Според оваа анкета, 30,8% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро би се справила со проблемите во општина Аеродром. Следат СДСМ со 9,0%, Левица со 8,6%, „ЗНАМ“ со 3,3%, а за  ГРИН се изјасниле 2,3% од испитаници

Кој најдобро би се справил со проблемите во Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголема доверба од СДСМ
Институтот за политички истражувања, Скопје (ИПИС) спроведе анкета за потребите на МРТ, за претстојните локални избори и состојбата во општина Аеродром.
На прашањето во каква насока се движи општина Аеродром, 20.4% од испитаниците одговориле дека општината се движи во целосно правилна насока, додека пак 29.8% одговориле дека се движи по донекаде правилна насока. 11.3% сметаат дека општината се движи по донекаде погрешна насока. 10.6% од испитанците не дале одговор на ова прашање. 27.9% од испитаниците имаат различно мислење за насоката на развој на општина Аеродром.
Според анкетите, 9.1% од испитаниците одговориле дека споредено со изминативе години животот во општина Аеродром е многу подобар, 18.8% дека е донекаде подобар, додека пак 31.6% сметаат дека е ист.
Во однос на очекувањата за иднината, 11.5% од нив сметаат дека во наредните неколку години животот во општина Аеродром многу ќе се подобри, додека пак 28.3% сметаат дека донекаде ќе се подобри. 26.1% од испитаниците одговориле дека ќе остане ист,  15.5% не дале одговор на ова прашање.

To top