Македонија Пред техничка Влада

Кога Димитар Ковачевски треба да поднесе оставка?

Ако изборите се одржат на 8-ми мај како што се пишува во медиумите тогаш на 28 февруари или 70 дена порано треба да се распишат изборите, а на 26-27 јануари да се фирмира техничка Влада.

Кога Димитар Ковачевски треба да поднесе оставка?

Премиерот Димитар Ковачевски најдоцна до 26-ти јануари ќе треба да поднесе оставка од функцијата, за да може да се формира техничката Влада.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека до него нема известување дека партиите се договориле за датумот за избори. Но рече дека од медиумите е информиран дека тоа може да биде 8-ми мај, пренесе ТВ 24.

-Ако изборите се одржат на 8-ми мај како што се пишува во медиумите тогаш на 28 февруари или 70 дена порано треба да се распишат изборите, а на 26-27 јануари да се фирмира техничка Влада. До мене до сега не е стигната информација од партиите дека е договорено изборите да се одржат на 8-ми мај заедно со претседателските, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

To top