Македонија

Кочовски: Изградивме Општина Вевчани која функционира, достапна и отворена на своите граѓани

Кочовски: Изградивме Општина Вевчани која функционира, достапна и отворена на своите граѓани

Пред четири години ветив дека Вевчани ќе биде општина за сите, без поделби, без предрасуди, отворена општина. Денеска пред вас можам да кажам дека тоа е исполнето.

Ова пред присутните граѓани во Вевчани го истакна актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Спасе Кочовски на денешниот митинг.

-Изградивме општина која функционира, која е достапна и отворена на своите граѓани. Општина која работи во интерес на граѓаните и ги решава проблемите и потребите. Сме реализирале бројни проекти во соработка со централната власт и други институции, како и со нас граѓаните кои сте вистински партнер, истакна Кочовски.

Тој повторно ја побара довербата од граѓаните, за како што рече за да се завршат проектите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Кочовски најави нови инвестиции во општината, доградба на градинка, кино сала, спортски игралишта.

 

To top