Македонија нови цели за превенција

Клековски: За првпат се воведува превентивна цел за ментално здравје за рано откривање на депресија кај младите

Дополнително за тоа Фондот за здравствено осигурување воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболуваеа на простата, дебело црево и грлото на матката, за лекарите и гинеколозите кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми со министерството за здравство, изјави Клековски.

Клековски: За првпат се воведува превентивна цел за ментално здравје за рано откривање на депресија кај младите

Заедничка прес-конференција денес одржаа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари и Сашо Клековски директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија во Валадата на РМ.

Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски изјави:

-Колку што може здравствени предизвици да се решат на примарно, а не да се препраќат на следните нивоа. Целите за контрола на рацепти, боледување и упатувања на повисоки нивоа влијаат на 10% од годишниот буџет на ординациите. Следните мерки се во подобрување за самата здравствена заштита, министерството за здравство веќе донесе пет протоколи за примарното здравство, вклучувајќи за кадриоваскуларни болести и слични болести кои ќе значат поголено внимание докторите кон овие болести.

Дополнително за тоа Фондот за здравствено осигурување воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболуваеа на простата, дебело црево и грлото на матката, за лекарите и гинеколозите кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми со министерството за здравство, изјави Клековски.

За првпат се воведува превентивна цел за ментално здравје и тоа посебно насочено кон рано откривање на депресија кај младите, за луѓето од 18-35 години. Истотака за првпат се воведува превентивна цел за рано откривање на типтохизам кај деца, заедно со рано откривање на деформитети на рбетниот столб и комплетна новина е едукација за вакцинација за да обезбедиме навремена зголемена и комплетност на вакциналниот процес, потенцира Клековски.

Тој додаде дека овие превентивни цели учествуваат со 20% од годишниот буџет на матичните лекари и ординации.

Најнови вести од Македонија

To top