Македонија ФЗО

Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување

Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата.

Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување

Работиме на ревизија на критериумите за боледување, при што е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за оние што имаат потреба, а од друга страна, да ги спречиме злоупотребите, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.

Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата.

– Изморени сме од правење постојани контроли на барање на фирми или установи за контроли на боледувањата – додаде Клековски – одговарајќи на новинарско прашање по склучувањето договор меѓу ФЗО и Природно-математичкиот факултет, со кој лабораторијата за молекуларна биологија и геномика ќе почне со изведување најсовремени молекуларно-дијагностички процедури вклучувајќи ги и генетските анализи за онколошките заболувања.

Најнови вести од Македонија

To top