Од денеска попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти УХМР.
Денеска, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час).
Во Скопје до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено денес во текот на ноќта и утре претпладне, како и во ноќните часови кон понеделник.
Денеска и утре ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Од УХМР најавува и дека доаѓа снегот на повисоките места и тоа во пообилна форма и количина, додека во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.