Македонија

Казни и до 20.000 евра: Пазарните инспектори на терен, Владата во заштита на граѓаните од однесувањето на трговците

– Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување, рече вчера Мицкоски во изјава за медиумите.

Казни и до 20.000 евра: Пазарните инспектори на терен, Владата во заштита на граѓаните од однесувањето на трговците

Ограничување на маржите и цените на прехранбените производи, кои не се дел од Новогодишната кошничка, најавува Владата доколку трговците не покажат општествена одговорност и не ги намалат цените. Пазарните инспектори, според изјавите на надлежните, се на терен и за два до три дена ќе завршат нивните анализи по што ќе се знае дали ќе се донесат поригорозни мерки.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вчера ги повика трговците да ги коригираат цените на најосновните производи во овој период и најави дека доколку не го сторат тоа, Владата пред Нова година ќе донесе одлука за воведување поригорозни мерки.

– Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на цените на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, сол, кафе, јајца и слично. Апелирам до големите трговски синџири да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искористам сите механизми кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави Дурмиши.

И премиерот Христијан Мицкоски, вчера и завчера, повтори дека не е во ред трговците да си играат со трпението на граѓаните и во период пред празници да ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи коишто не се дел од новогодишната кошничка.

– Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување, рече вчера Мицкоски во изјава за медиумите.

Посочи дека во Владата бил одржан состанок со сите сите големи супермаркети и оти тие изразиле добра волја да не се воведува пристап кој би значел ограничување на цени.

– Сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе заедничко решение, кое ќе биде прифатено. И тоа се случи. Тоа што некои од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. За тоа ќе има соодветни процедури, трае анализата и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани, рече Мицкоски.

Реакциите на Владата следуваат откако граѓаните се пожалија дека цените на прехранбени производи кои не се дел од Новогодишната кошничка се зголемени.

Новогодишната кошничка почна да се применува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Со неа се опфатени над илјада производи. Мерката е воведена во соработка со трговците и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните и божикните празници.

Според министерот за економија и труд, новогодишната кошничка стартувала успешно и кај некои производи кои се дел од кошничката намалувањето на цените е над 10 проценти. Нагласи дека Владата и тој како министер за економија и труд нема да го толерираат однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи кои ги предложија во Новогодишната кошница.

– Акцијата Новогодишна кошница, како што можевме да видиме во првите денови стартуваше успешно, кај некои производи во кошницата намалувањето на цените беше и над 10 проценти и секојдневно се зголемуваше бројот на производи понудени од компаниите во Новогодишната кошница. Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи чии цени се драстично зголемени, рече Дурмиши вчера на прес-конференција.

Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец излегува со пресметка колкави се минималните трошоци на едно четиричлено семејство, пресмета дека во декември минималните трошоци се зголемени за 840 денари во однос на ноември. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка во декември изнесува 62.861 денари, а со изнајмен стан од 60  квадратни метри 78.236 денари.

Според ССМ, забележително е дека од септември кога е воведена првата мерка за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, но загрижува тоа што трговците го искористиле периодот пред стапување на сила на последната акција и ги зголемиле цените.

Од ССМ бараат мерките да траат подолго, а следната мерка да биде без притоа да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на работниците.

Од 1 јануари треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да има поголемо регулирање на цените на производите и да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. Досега во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики, а спрема тарифникот се внесени 2.546 префрлени земјоделски производи во овој Закон.

– Деновиве се докомплетира КЗК со пет нови членови, коишто беа изгласани во Собранието на Република Македонија. Тие ќе бидат главниот контрол на сите овие договори. Договорите завршија до 28 септември, дадовме еден мониторинг период до 1 јануари, каде што ги пратиме сите случувања, кои се случуваат, имаме различни дојави и одредени проблеми околу повратот на роба во маркетите, некаде дури се појавуваат и двојни ценовници имаме како информација, изјави вчера заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Казните ќе се движат околу 20.000 евра. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top