-„Сума – сумарум, крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок, како што наликува на една организирана правна држава и дека сите овие процеси во иднина ќе добијат уште поголема динамика во следната година“, оцени проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.
-Впрочем, оваа влада има силен легитимитет токму затоа што најави справување со криминалот и корупцијата, справување со сите оние незаконски дејствија кои што претходната власт секојдневно ни ги сервираше и мислам дека следната година ќе биде година на вистинска борба на сите фронтови.
Бидејќи, ако државата успее да се справи со криминалот ќе успее да се справи и со сите оние странични проблеми кои што пак укажуваат на неодговорни институции и кои носат незаконски дејствија со себе, а сето тоа ќе повлече и позитивна политика во делот на привлекување странски инвестиции, како што впрочем,во овој период и се случува, потенцира професорката по Уставно право во Наткаст.