Македонија минусни температури

Какво време не очекува во следните денови: Еве што најавуваат од УХМР

Времето утре ќе биде многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе биде претежно тивко.

Во Скопје наутро студено со појава на магла, преку денот со ниска облачност која попладне ќе ослабне.

Facebook/UHMR

Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст.

Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени.

По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник се очекува зголемување на облачноста.

Facebook/UHMR

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (петок) од раните утрински часови ќе биде особено студено, а на исток и на североисток понекаде температурата ќе се спушти и под -8 степени.

Најнови вести од Македонија

To top