Македонија

Какво време не’ очекува на првиот ден од новата 2026 година?

Какво време не’ очекува на првиот ден од новата 2026 година?

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност, ќе биде времето во среда, последниот ден од оваа 2025 година.

Од УХМР информираат дека ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено умерено силен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде од -10°C до -2°C, а максималната во интервал од -4°C до 6°C.

Првиот ден од новата година, четврток, ќе не’ пречека со сончево и студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде од -12°C до -2°C, а максималната во интервал од -1°C до 7°C.

Најнови вести од Македонија

To top