До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска.
Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота, информираат од УХМР.