Македонија Обдукцијата и идентификација завршена за многу кратко време

Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, за еден час, сите вработени во Институтот пристигнале на своите работни места и бил направен план за соодветно дејствување. Се вршеле обдукции на по 15 лица, кои потоа му биле предадени на погребалното претпријатие.

Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков денеска соопштија дека по трагичниот настан во Кочани за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите.

Како што истакнаа на прес-конференција, за ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози. Вклучени биле и тимови од МВР.

Кај сите настрадани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.

Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот и ќе предадено во Обвинителството.

Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, за еден час, сите вработени во Институтот пристигнале на своите работни места и бил направен план за соодветно дејствување. Се вршеле обдукции на по 15 лица, кои потоа му биле предадени на погребалното претпријатие.

-Целта беше брзо и квалитетно завршување на обдукциите кои почнаа вечерта, на 16 март, а завршија претпладнето на 18 март, како и точна, прецизна идентификација, истакна Станков.

И тој и деканот на факултетот изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани.

Најнови вести од Македонија

To top