Македонија Na teren

„Каде што срцето е дома“: Министерот Перински во посета на општина Ѓорче Петров

„Каде што срцето е дома“: Министерот Перински во посета на општина Ѓорче Петров

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ со цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок.

Министерот Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ќе ја посетат Општина Ѓорче Петров и ќе одржат средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет.

Најнови вести од Македонија

To top