„СДСМ конечно ја прифати она што граѓаните одамна го знаат, Унијата за девалвација на институциите (ДУИ) е тежок товар за секое партнерство и машина која произведува само кризи и корупција. По години сервилност и обиди да ја заштити оваа трула партија, СДСМ сега прави задоцнет чекор кон оградување од ДУИ, јавно извинувајќи се за неуспесите“, велат од ВЛЕН.
„ДУИ не е само изолирана од граѓаните и гласачите, туку и од нејзините доскорешни партнери. Оваа партија, која 22 години ги нарушува сите норми на доверба создавајќи систем во кој доминираат криминалот и корупцијата, повеќе нема место во политиката. Не може да има соработка со партија која ја уништи секоја институција до која имаше пристап, оставајќи ја државата заглавена во ќорсокак, а граѓаните разочарани. ДУИ докажа дека каде што ќе допре, ни трева не никнува!
Времето на ДУИ заврши! Време е оваа разбиена и изолирана клика, која го држеше развојот во заложништво и предизвика стагнација, конечно да биде минато. Ние, како коалиција ВЛЕН, сме посветени на праведна иднина и политика која е во служба на граѓаните, а не на тесните интереси на политичките клики“, соопшти ВЛЕН.