Изјава на кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски:
„Веднаш по стапувањето на функцијата ќе пристапиме кон реконструкција на отворениот градски базен кој се наоѓа во склоп на Домот на АРМ.
Исто така имаме изготвено проект за изработка на базен од затворен тип кој ќе функционира преку целата година.
Потоа ќе пристапиме кон одбележување на велосипедска патека од Другово до населбата Пашино.
Имаме изготвено проекти за изградба на повеќенаменски игралишта во сите населби каде што се итно потребни.
Исто така предлагам да се изградат детски катчиња во секоја населба каде што дечињата ќе можат да се релаксираат.
Ти одлучуваш!“