Македонија Народен митинг во Кичево

Јовановски: Ова не е време за национализам! Ова е време за работа, проекти и визија!

Денес ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа народен митинг во општина Кичево каде говореа, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, претседателот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник Александар Јованоски

Јовановски: Ова не е време за национализам! Ова е време за работа, проекти и визија!

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и на самиот почеток ги укажа тешките услови за живеење во Кичево и тоа во секој сегмент, чистотата, сигурноста, економската стабилност, образованието токму поради негрижата и несоодветното владеење на актуелниот градоначалник.

– За жал изминативе 12 години имаме градоначалник што не само што не постигна да биде градски татко, туку напротив го зави градот Кичево во темнина. Грижејќи се само за сопствени интереси и интереси на една мала група околу него, градот го доведе во состојба на колапс на комуналните служби, тотална нефункционалност на општинската администрација и партизација и национализам во сите пори на градот во најлошата смисла на зборот. Сами воочувате дека со вашите националистички дејства и негрижа за основните проблеми на граѓаните како што  е чистотата, сигурноста, економската стабилност, образованието доведовте до егзодус на граѓаните од сите етнички, верски и политички провениенции, истакна Јовановски.

– Сакам да им порачам на моите кандидатите една работа. Ова не е време за национализам! Тоа измина пред стотина години. Ова е време за работа, проекти и визија! Тоа го заслужуваат нашите Кичевчани, порача Јовановски.

Јовановски наброи дел од проектите на изборната програма.

– Во мојата програма може да видите проекти за итно отстранување на дивата депонија од градското јадро и создавање на претоварна станица за селектиран и рециклиран отпад надвор од градската средина, имам хумано решение за глутниците кучиња скитници кои ќе ги згрижиме и чуваме на најсоодветна локација и на најхуман начин. Ќе ја изградам конечно канализацијата во Зајас и Другово, ќе го решам проблемот со водоснабдувањето во Србјани, М.Доленци и Ново село и секаде каде што има вакви комунални проблеми. Најитно ќе пристапам кон изградба и реконструкција на патишта во селата каде што е алармантно, дециден е Јовановски.

На крајот, Јовановски упати порака до членовите на сите политички партии, со цел да ги остават поделбите и разликите на страна, и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9.

– Оставете ги поделбите и разликите на страна, не дозволувајте да ве управуваат лоши лидери, луѓе кои не живеат во Кичево и не знаат со што се соочуваме ние овде изминатите години. Излезете на 19 октомври и гласајте за бројот , рече Јовановски.

To top