Македонија

Јорданов: Во интерес на граѓаните е секогаш потребно да имаме контролен механизам за она што го испорачуваме

Јорданов: Во интерес на граѓаните е секогаш потребно да имаме контролен механизам за она што го испорачуваме

Во вчерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на механизмот за отповикување на градоначалник. Јорданов потенцираше дека иако самото коментирање на работата на други градоначалници не е во неговата надлежност, Јорданов верува дека крајниот суд за работата на секој градоначалник треба да го донесат самите граѓани.

„Во интерес на граѓаните е секогаш потребно да имаме контролен механизам на она што ние, како претставници на граѓаните, го испорачуваме“, истакна Јорданов.

Според Јорданов, субјективно е да се оцени дали еден градоначалник работи добро или не, но кога постои критична маса на граѓани кои сметаат дека работите во општина не одат во вистинска насока, тогаш тоа треба да биде сигнал за делување.

„Сметам дека со предвидените измени во законот за локална самоуправа којшто се надевам дека ќе се случат, како резултат на работни групи, на консултација со јавноста, со експерти, а во насока на што е можно повеќе задоволни граѓани, сметам дека е потребно да се изнајде еден контролен механизам кој што ќе го стави на дневен ред работењето или неработењето на одреден градоначалник“, додаде Јорданов.

Јорданов исто така нагласи дека состојбите во некои општини не се на потребното ниво, што е потврдено и од анкетите на граѓаните.

„Согласни сме сите дека состојбите во одредени општини не се на потребното ниво, тоа е јавно достапно од анкетите на граѓаните кои што го даваат легитимитетот на одреден градоначалник. Најмалку сум јас повикан да коментирам како работи некој друг градоначалник, но сметам дека граѓаните се тие кои што треба да бидат запрашани“, заклучи Јорданов.

Најнови вести од Македонија

To top