Македонија брисел ја потресе бихаќка: траор, неверица и плачки во сдс

Јон Шмрчко против Република/та, не галаксијата

На Бихаќка многу се потресле што порталот кој во група од десетина медиуми јавно го тролаат, девалвираат и шиканираат со месеци како и сите останати што не му одговараат на уредникот од СДС, сега да ти објавил вест дека Брисел ги осудил северољупците за непримерните напади врз медиумите, вклучително и Република. Ама, види богати,  текстот за Брисел да ти го пишал новинар од Република кој пишувал и за бриселски медиуми?! Аууу, каков страшен грев, веднаш на Голи оток да се прати непослушниот претставник на 7-та сила, под „хитно“

Јон Шмрчко против Република/та, не галаксијата

 

 

Во најновата епизода од повеќемесечниот инфантилен атак врз медиумите од страна на СДСМ, Јон познат под прекарот Шмрчко му се нафрли на порталот „Република“. Серијалот е „Империјата во распад го возвраќа ударот“, арно ама пак, и пак со ќорфишек. Претходеа Курир, Нетпрес, Лидер, Денешен, Плусинфо, Вистина, Економски и ТВ Алфа. Дошло времето и за посебен осврт кон Република. И тие пустите пак и’ згрешиле на безгрешната, разгалена и расплакана СДС пи-ар болумента.

На Бихаќка многу се потресле што порталот кој во група од десетина медиуми јавно го тролаат, девалвираат и шиканираат со месеци како и сите останати што не му одговараат на уредникот од СДС, сега да ти објавил вест дека Брисел ги осудил северољупците за непримерните напади врз медиумите, вклучително и Република. Ама, види богати,  текстот за Брисел да ти го пишал новинар од Република кој пишувал и за бриселски медиуми?! Аууу, каков страшен грев, веднаш на Голи оток да се прати непослушниот претставник на 7-та сила, под „хитно“! Аферим, во нормална држава тоа е за пофалба, ама кој им е крив на СДС што нивните исфурани и боси  „новинари“ веќе никој никаде не ги есапи. Тука е проблемот, тој „лошиот“ новинар на Република пак, каде и да е, ќе напише нешто лошо за нив во Брисел. А тие, ајвани, толку се крстат дека истиот тој Брисел ќе ги спаси, како некогаш во минатото. Откако Вашингтон им даде „двојка“ и им ги секна УСАИД и фондовите, ова им е „задња шанса“, та угодуваат, не џвакаат и голтаат, прифаќаат Бугари во устав со две раце, кодошат колку власта е лоша, лажат-сушат дека се крадело, измислуваат некакви српски, те руски врски, па ноќни волци виеле ли и какви не други лудории и глупости.

И денеска, Шмрчко покајник за употреба на кокаин, без историја за лекување на истата, срочи:

„Сè е јавно, проверливо и документирано.

СДСМ нема да дозволи медиумите под влијание на Орбан да ја трујат јавноста.

Оваа е мрежа на авторитарни влијанија кои ја оддалечуваат Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност“ заврши со експертската анализа самопризнаениот конзумент на кокаин, кој е свесен дека негативните оценки за новинарството во следниот есенски извештај на истиот тој Брисел ќе бидат токму поради нив и нивниот беспоштеден и забеган напад врз македонските медиуми.

На хејтерските испади на Јон, Венко и Богданка веќе реагираа АВМУ, МАН, ЗНМ, ССНМ и кој веќе не. Арно ама, тоа не допре до СДС и Јон, веројатно затоа што тоа не го пренела нивната бројна и нафатирана медиумска ергела, а останатите тие да не ти ги читале.

Туку, веќе кога не ги читаат медиумите кои катадневно ги каљаат по пресови, чуму тогаш секојдневно ламентираат, тужибабат, атакуваат по нив и нон-стоп, 24/7 плачат од истите? Нема логика да посветиш месеци работа и тони хартија за соопштенија против некого кого не го перципираш „за жив“, за некој толку небитен, нечитан, негледан, башка немиен, со тапија…

Арно ама, да имаше логика во нештата, тоа немаше да биде СДС, нели…

 

Најнови вести од Македонија

To top