Македонија Во пресрет на изборите

Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се координираат за ефикасно следење на изборниот процес

Како што информираа денеска од ЈО, на средбата, предводена од јавниот обвинител, Џељаљ Бајрами, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, биле разгледани подготовките и надлежностите на секоја институција со цел да се осигура мирен и фер изборен процес. Особено внимание било посветено на механизмите за санкционирање на секакви обиди за нерегуларности.

Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се координираат за ефикасно следење на изборниот процес

Во пресрет на претстојните избори, претставници на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржаа работна средба која има за цел да ја засили координацијата меѓу двете институции за ефикасно следење на изборниот процес.

Како што информираа денеска од ЈО, на средбата, предводена од јавниот обвинител, Џељаљ Бајрами, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, биле разгледани подготовките и надлежностите на секоја институција со цел да се осигура мирен и фер изборен процес. Особено внимание било посветено на механизмите за санкционирање на секакви обиди за нерегуларности.

Бајрами го истакнал значењето на Комисијата за следење на нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, објаснувајќи го нејзиниот состав и начин на функционирање. Тој, исто така, го презентирал процесот на постапување по предметите и системот за следење на известувањата преку електронската адреса [email protected].

Димитровска ги споделила активностите на ДКСК во предизборниот период, вклучувајќи ги и напорите за следење на користењето на службените возила од страна на институциите.

За да се осигура транспарентност и одговорност, Јавното обвинителство и ДКСК ќе одржуваат директна комуникација и ќе се координираат при постапувањето по сите пријави за изборни нерегуларности.

To top