Македонија

Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски и се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Пратеникот Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза и додаде дека снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини.

„Она што се укажа дека намалувањето од 18 на 10 отсто е првиот чекор, доколку има понатаму потреба ќе се намали и до 5 отсто. Паралелно со тоа, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство покрај серијата на чекори што ги направи во изминатиот период исто така премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од 2-3 денари. Практично барем во овој најсериозен бран да имаме состав во кој цените на горивата нема да бидат поскапени“, рече Јаревски.

Јаревски додаде дека државата останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот потенцирајќи дека се потврдува ефикасноста на преземените мерки како и стабилноста на енергетскиот систем. Тој нагласи дека приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата.

Најнови вести од Македонија

To top