Власта предводена од ДУИ и СДС, секој ден смислува нови начини, како што повеќе да удри по џебот на граѓаните и како уште повеќе да ги осиромаши.По поскапувањата на храната, струјата, парно греењето и разно разни други услуги, дојде редот и на Агенцијата за Катастар, да ги зголеми цените, каде за некои услуги растот на цената достигнува и до 300%, истакна Тони Јаревски, пратеник.
-Со овие нови поскапувања значи дека за упис на нов стан, во Агенцијата за Катастар, за добивање на имотен лист наместо како досега да чини 1.250 денари, сега граѓаните ќе плаќаат најмалку 3.750 денари и дополнителни 600 денари за нотарски услуги. Во случај да купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно плус 1.250 денари. Исто така сега, имотен лист во фаза на градба ќе чини 5.250 денари, а за услугата бришење на предбележување цената ќе изнесува 2.625 денари.
Дополнително поскапеа и геодетските елаборати. Основните надоместоци за геодетските елаборати, кај приватните геодети ќе бидат од најниски 5.626 денари до највисоки 16.917 денари. Исто така е зголемена и цената по квадратен метар која ќе се наплаќа дополнително и се движи од 4 до 40 денари, зависно од објектот. Тука не се пресметани трошоците за користење на податоци, од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додадена вредност, што значи цената ќе се зголеми и за овие два параметри.
Истовремено, трошоците за лиценца, кои ги наплаќа комората, по ново сега, директорот Борис Тунџев, ќе ги наплаќа на сметка на агенција за катастар, што ќе значи дека ќе има паралелни геодетски компании со овие две лиценци.
Оваа криминална власт, на СДС и ДУИ, се што правеше овие 7 години, беше лично богатење на функционерите од овие партии, како за себе, така и за најблиските роднини. Нив ги интересира само како да приграбат уште некој милион, на грбот на народот, преку тендерите за нивните омилени фирми.
Добро е што за само неколку месеци, сите овие ќе заминат во историјата, а потоа ќе треба и да одговараат пред граѓаните.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!