Македонија ангелов го посети повредениот

„Ја држев за уши, Господ ми даде некоја сила“: Цане Србиновски за опасниот напад од мечка кој го преживеа (ВИДЕО)

По укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, беше пуштен на домашно лекување.

„Ја држев за уши, Господ ми даде некоја сила“: Цане Србиновски за опасниот напад од мечка кој го преживеа (ВИДЕО)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка.

Србиновски беше нападнат во неделата, а по два дена беше пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите и каде што престојувал во импровизиран објект именуван „Колиба“, бил пренесен во болница во Велес.

По укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, беше пуштен на домашно лекување.

Пред Ангелов, Србиновски детално раскажа како го нападнала мечката, како се чувствувал и какви повреди добил.

To top