Државната изборна комисија на првата прес-конференција ја соопшти излезноста на изборите до 9 часот
Претседателски избори:
Од добиени податоци од 1009 избирачки места каде се запишани 547.041 гласачи, гласале 22.797 гласачи, односно 4.17 проценти.
Најголема излезност има во Пробиштип – 8,85 проценти, а најмала во Боговиње 0,57 отсто.
Споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година има намалување на излезност од 1,99 отсто.
Парламентарни избори:
Од добиени податоци од 1033 избирачки места каде се запишани 564.780 гласачи, гласале 25.132 гласачи, односно 4.45 проценти.
Најголема излезност има во Кривогаштани – 9,46 проценти, а најмала во Боговиње 1,43 отсто.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година има намалување на излезност од 0,74 отсто.
На првата прес-конференција по почетокот на денешното гласање,претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека сите избирачки места се отворени, а на неколку има технички проблеми кои тековно се решаваат од страна на ДИК. Добиени се и 15 приговори за избирачко право од кои само три се одбиени.
На двојните избори се гласа на 3.480 гласачки места во 80 општини во Македонија. За претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.