Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово. Екипи на ТППЕ Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.
Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани.
ТППЕ Струмица веднаш после добиеното барање за помош во гаснењето на пожар, испратила едно ПП возило и пет пожарникари-спасители.
Добивме официјална потврда за Курир, дека е зафаден поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.
Во моментов пожарот е изгаснат и предизвикана е значителна материјална штета, но нема повредени гости, ниту персонал, кои биле навремено евакуирани.