Македонија позитивни ветришта за македонија

Ивановски: Македонија беше жртва токму на идеолошката матрица против која сега Трамп отвори војна

Ако може Романија да биде на радарот на Вашингтон, секако дека и случајот со Македонија заслужува сериозно внимание и анализа од тимот на Трамп. Македонија беше жртва токму на идеолошката матрица против која сега Трамп отвори војна. Но не само во САД. Прозвана е и Европската Унија…

Ивановски:  Македонија беше жртва токму на идеолошката матрица против која сега Трамп отвори војна

Во анализата насловена како „Венс ја шокираше Европа, позитивни сигнали на македонските радари“, новинарот Христо Ивановски за „Нова Македонија“ прави осврт на последниот говор на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс на Минхенската безбедносна конференција, во кој посочува дека во период кога ЕУ бара продолжување на конфликтот во Украина, кога се шири русофобија, тој испрати шокантна порака до Европа – најголемата опасност за неа не доаѓа од Русија или од Кина туку од самата Европа. Исто така, Вашингтон упати остри критики до Брисел затоа што славенички ја поддржал судската одлука да го поништи првиот круг од изборите во Романија, а токму на тоа прашање има многу нешта да каже Македонија – токму нашата држава беше жртва на идеолошката матрица на која Трамп ѝ објави војна, пишува Ивановски. Сега е прозвана и Европската Унија! Пораката е декаСАД се загрижени за загрозеноста на слободата на мислење во Европа. Притоа Венс подвлече дека Американците се чудат кога слушаат дека во либерална Европа се фингираат, ревидираат и ретушираат работи доколку резултатите од нештата не им се допаѓаат на бирократите од Брисел…

Голема македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски учествува на безбедносната конференција и имаше можност директно да ги слушне пораките на Венс. Од друга страна, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на маргините на конференцијата имаше средба со својот бугарски колега и се чини дека и двете страни во моментов остануваат на своите позиции во врска со нашите евроинтегративни процеси. Бугарија не отстапува од барањето првин да се внесат Бугарите во Уставот, па да го крене ветото, а ние не прифаќаме ултиматуми.

Она што е важно да се фати на радарите е дека новиот шериф во Вашингтон сака да ги расчисти купиштата коруптивни скандали оставени од претходната администрација. Македонските власти имаат солидни врски со тимот на Трамп, а тоа значи дека може елегантно, без многу помпа, да им се претстави нашата позиција во однос на Бугарија, но и за Преспанскиот договор со Грција, кој ни ја отвори идентитетската рана. Ако може Романија да биде на радарот на Вашингтон, секако дека и случајот со Македонија заслужува сериозно внимание и анализа од тимот на Трамп. Македонија беше жртва токму на идеолошката матрица против која сега Трамп отвори војна. Но не само во САД. Прозвана е и Европската Унија.

ЛИНК ДО ЦЕЛОСНАТА АНАЛИЗА НА ИВАНОВСКИ ЗА НОВА МАКЕДОНИЈА

Најнови вести од Македонија

To top