Македонија случај дискотека „пулс“

Истрагата се проширува, претреси на неколку локации во Кочани

Истрагата се проширува, претреси на неколку локации во Кочани

Истрагата која институциите ја спроведуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува.

Курир дознава дека од утрово, полициски екипи вршат претреси во другиот објект кој е во сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“.

Покрај ова, како што неофицијално дознаваме, полицијата влезе и во службените простории на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот живтотот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето Класик во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.

Повеќе детали од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Најнови вести од Македонија

To top