Македонија ВМРО-ДПМНЕ

„Искрениот коментар на холандскиот амбасадор, им ја потопи кампањата за европскиот фронт на ДУИ и СДС – државата страшно застранила од европскиот пат“

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

„Искрениот коментар на холандскиот амбасадор, им ја потопи кампањата за европскиот фронт на ДУИ и СДС – државата страшно застранила од европскиот пат“

Првин беше загрозена безбедноста на македонското небо, два НАТО авиони слетувале додека бандитите на ДУИ тепале вработени во М-НАВ, а сега и амбасадор на земја членка на ЕУ укажува на криминалот и корупцијата кои се вистинскиот проблем зошто Македонија не е членка на ЕУ, сето ова во првите две недели од новата година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Политичкото влијание на ДУИ и СДС врз правосудството се гледа и по ослободувањето на бандитите од ДУИ кои упаднаа во М-НАВ, едниот оди на работа со луѓето кои ги тепал, 4 не се достапни за полицијата, а другите се дома, и тоа не за учество во маалско семејна тепачка како што Ковачевски сака да претстави, туку за организиран упад во контрола на летање. Нема толкав криминал што може ДУИ да направи, а судиите под нивна и контрола на СДС да не го амнестираат, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека правосудството е целосно во канџите на власта, а притисоците се секојдневие.

-Искрениот коментар на холандскиот амбасадор, им ја потопи кампањата за европскиот фронт на ДУИ и СДС, државата страшно застранила од европскиот пат. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top