Македонија возете внимателно

Исчистени одроните кои блокираа дел од коловозот на магистралата А3 кај село Истибања

Исчистени одроните кај месноста Драките, село Истибања кои утрово блокираа дел од коловозот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

Исчистени одроните кои блокираа дел од коловозот на магистралата А3 кај село Истибања

Од подружницата на Македонија Пат информираа дека сообраќајот во моментот се одвива по двете коловозни ленти.

-Поради големите камења на коловозот, претходно возачите мораа истите да ги заобиколат. Сега тоа не е случај, откако е исчистен наносниот материјал заедно со големите карпи, повторно сообраќајот во целост се одвива по две коловозни ленти, истакнаа од Македонија Пат.

Апелираа и понатаму да се вози внимателно на оваа делница.

-Поради можноста за нови одрони и понатаму претпазливо треба да се вози на овој патен правец. Засега на оваа делница немаме нови одрони но поради дождот останува препораката за совесност, додадоа од Македонија Пат.

Сообраќајот на овој патен правец утрово се одвива по суви наместа влажни коловози.

Најнови вести од Македонија

To top