Македонија Кога крадецот ќе викне - „фати го крадецот!“

Инвентивно ко ланскиот снег: Филипче подготвува терен и алиби за криминалците од СДСМ – „Режимот“ ќе апсел неподобни?!

„Сакам сите да размислат, што ќе направите ако полицијата, наместо да ве заштити, служи за да ги заштити нивните интереси? Што ќе биде кога секој кој не е подобен на оваа власт ќе биде осудуван како во времето на режимот?“, истакна во својот говор полн со патетика и тешка демагогија Венко Филипче. Најавата за осудување на „секој кој не  е подобен за ова власт“ се толкува како подготовка на јавноста за апсењата на заглавените до гуша партијци од Бихаќка, за кои ќе речат дека не се виновни, не ја краделе државата до бесвест, туку дека -Еве, тоа е продукт на „режимот“.

Инвентивно ко ланскиот снег: Филипче подготвува терен и алиби за криминалците од СДСМ – „Режимот“ ќе апсел неподобни?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, човек со рејтинг од цели 3,6 насто, кој води партија со доверба од мизерни 3,9 проценти изјави дека немало да дозволи наводна партизација на Македонија. Верувале или не, но најави и враќање на РЕЖИМОТ во Македонија. Нејсе што такво нешто не постои, но интересно би било, како некој со 17 пратеника и членство кое според бројноста  пледира кон куќниот совет на Џеваир високатниците во Скопје и кои наскоро ќе бидат уште помалку, може да спречи што било во државата? За да спречите нешто, треба да бидете некаков, каков-таков полтички фактор во државата, а не расадник за членство на ЗНАМ и Левица. Како и да е, Филипче застана во одбрана на Судскиот совет, искреиран и создаден во времето кога беа на власт со ДУИ за да со ЈО биде нивна отстапница кога ќе бидат гонети за криминалот што го сторија, и стокми:

„Ова СДСМ нема да го дозволи, ова ќе значи газење на демократијата и враќање кон мрачните времиња на политички прогон“. 

Дали Филипче, всушност, со разработен Фројдов комплекс во себе најави дека сегашната влада ќе се врати во времето на владата на Заев или на Ковачевски. Токму периодот од 2017-та до мај 2024-та е знак на препознавање на „мрачните времиња на политички прогон“ во поновата македонска историја. Се сеќавате многу добро на филмските апсења на пратеници во два наутро, расплакани деца, родители, драмите од судења по 14 часа за непостоечки терористички дела, драконски казни за патриотите, лажни обвиненија од политички диригираното СЈО и редица други драмолетки на Заев и компанија со кои ширеа чувство на страв и несигурност кај народот, глумејќи дека нешто воопшто работат и крадејќи ја државата како да не виделе пари.

Сите црнила кои ги донесе минатата власт, понижувања и резил на македонскиот народ, не го спречија демагогот Филипче, лично инволвиран во десетици тешки афери да обвинува за партизација и да најавува некакви си борби за слобода и останати шаренолики глупости, кои одамна не минуваат и само ја навредуваат интелигенцијата на народот.

Сакам сите да размислат, што ќе направите ако полицијата, наместо да ве заштити, служи за да ги заштити нивните интереси? Што ќе биде кога секој кој не е подобен на оваа власт ќе биде осудуван како во времето на режимот? Тоа е режим и оваа влада чекори одлучно кон тоа“, истакна во својот говор полн со патетика и тешка демагогија Венко Филипче на прес-конференцијата, наводно направена по повод шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Се гледаше, дека ни самиот не верува во тоа што Кузеска му го напишала за прес-конференцијата, според тежината, срочено гарант 5-10 минути пред настапот.

Ширењето недоверба кон олицијата и најавата за наводни апсење на „секој кој не  е подобен за ова власт“ се толкува како бедно алиби и подготовка на јавноста за апсењата на заглавените до гуша во криминал партијци од Бихаќка, за кои ќе речат дека не се виновни и не краделе како да ќе нема утре, туку дека „Еве, тоа е продукт на „режимот“.

Присутните сведочат, дека во текот на пресот, на смени некој од СДСМ постојано ѕиркал надвор, во уплав да не случајно дојде полиција да уапси некој нов социјалдемократ (досега се обвинети  само 5-6 души за милиони проневери, дел во бегство) за тешкиот криминал со која ја опељешија државата минатите 7 години. Ова бил најнов „спорт“ на екс функционерите од Бихаќка – постојано се вртеле наназад, во уплав дека правдата ќе дојде по своето…

Најавите се дека оној ступиден и изветвен збор РЕЖИМ во следниот период ќе го слушате постојано од устите на социјалдемократите. со него дојдоа на власт во 2017-та (иако не ни победија на избори), а сега се надеваат едка верглајќи го како навиени ќе ја спасат од правдата врхушката која, буквално, ја опелеши Македонија минатиот период.

Вистинскиот проблем е што веќе никој не им верува…

 

 

Најнови вести од Македонија

To top