Македонија известени ОЈО за ГОКК и внатрешна контрола

Инцидент на скопскиот аеродром: Обезбедувањето на претседателката на Косово оттргнало вработен во ТАВ, подоцна се вмешало и обезбедувањето на Гаши

Инцидент на скопскиот аеродром: Обезбедувањето на претседателката на Косово оттргнало вработен во ТАВ, подоцна се вмешало и обезбедувањето на Гаши

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

-По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, информира МВР.

Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Најнови вести од Македонија

To top