Македонија анализа

Инает или интегритет: Кој навистина ја блокира Македонија?

„Политиката без принципи е како компас без стрелка.“ — Махатма Ганди

Инает или интегритет: Кој навистина ја блокира Македонија?

„Политиката без принципи е како компас без стрелка.“ — Махатма Ганди

Ѓорѓи Спасов уште еднаш во овие 33 години се обидува да ги дискредитира ставовите на оние кои се означени како противници на неговите финансиери. Овој пат тоа е Христијан Мицкоски кој неаргументирано е нападнат околу прашањето на внесувањето на Бугарите во македонскиот устав. Сепак, оваа “слободна девојка” на сите сдсмовски клики од 1990 до денес уште еднаш заборави дека во политиката постои нешто поважно од популизмот — тоа се принципите и интегритетот на една нација.

Спасов тврди дека ставот на Мицкоски, според кој Бугарите ќе влезат во Уставот само кога Македонија ќе стане членка на Европската унија, е „инает без рок на траење“. Но, дали е тоа навистина инает или е позиција на една држава која се обидува да зачува своето достоинство и суверенитет?

Македонскиот народ нема проблем со правата на малцинствата, но има проблем со политичките уцени и притисоците од страна на соседите и Европската унија.

Додека Спасов прашува што добива Македонија со овој став, вистинското прашање е: што добива Македонија ако потклекне пред ваквите притисоци?

Историските искуства нè научија дека попуштањето под притисок не носи реални придобивки, туку само понатамошни отстапки и загуби.

Мицкоски е јасен: уставните промени ќе се случат кога ќе бидеме дел од европското семејство, каде Македонија ќе биде рамноправен член, а не подреден партнер. Спасов можеби би сакал да ги види Бугарите во Уставот веднаш, но прашањето е дали тоа би било чин на добра волја или резултат на нечесен политички договор што би ја загрозил нашата позиција во преговорите.

Зошто да се откажеме од своите принципи? Зошто да го менуваме Уставот по диктат на туѓи интереси? Вистинското лидерство не е во правењето компромиси под притисок и по секоја цена, туку во одржувањето на ставовите и борбата за идентитетот на државата.

Нема ништо полакомо за пари од СДСМ-овски крлежи во системот како што е Спасов. Тој е од оние специфични крлежи кои, додека цицаат крв/пари, спијат, а штом ќе ги тргнеш од храната веднаш урлаат и завиваат на јазик познат само на крлежите.

За обичните граѓани ваквите крлежи се јасни како ден, ги гледаат веќе со децении.

Семејството Спасови прослави на 8-ми септември двоен јубилеј — 18 години полнолетство од цицање на синот од државата и од СДС и 33 години цицање на таткото од државата и СДС.

Сега се зборува дека таткото и синот се кај Филипче и Заев во скут седнати.

Цицаат од таму.

Никако да се заситат.

Но како тргнале работите и какво искуство имаат тие со претходните лидери од кои цицале на СДС, не им се пишува добро.

А тие пак ќе се снајдат!

Ќе скокнат на друг некој, затоа што имаат карактеристики освен на крлеж и на болва, тие не само што ќе угинуваат со својот плен туку и го уништуваат пленот, и пак ќе продолжат!

Да цицаат.

Карактер е тоа.

Карактер на крлеж. Не се менува. Особено не на стари години. Оттука нема да е погрешно ако наместо Спасов ние обичните граѓани него, синчето негово и сличните на нив ги нарекуваме со ново но исто презиме, Ѓорѓи Крлежа.

На крајот, Спасов може да го нарекува ова „инает“, но ние го нарекуваме интегритет. Ние ја сакаме Македонија во Европската унија, но не по секоја цена и не со уцени. Затоа, не е прашање дали ќе ја правиме Македонија горда, туку дали ќе ја правиме со дигнитет и почитување на нашите вредности.

To top