Македонија Мотивот не е познат

„Имаше обид за грабнување на две деца“ – изјава на градоначалникот на Карбинци по немилиот настан

Тој посочува дека ова е сериозен проблем кој сите заеднички треба да го решаваме и да го сфатиме многу сериозно.

„Имаше обид за грабнување на две деца“ – изјава на градоначалникот на Карбинци по немилиот настан

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов даде изјава за ТВ Стар  по обидот за киднапирање на деца од училишниот двор.

-Имаше обид за грабнување на две деца, на двајца ученици од ОУ „Страшо Пинџур“. Обидот е спречен, неуспешен за оние лица кои имале таква намера. Тоа што нам нè загрижува е што безбедноста навистина е доведена до знак прашање, колку сме ние безбедни, колку нашите деца се безбедни во училиштата и која безбедност можеме да ја имаме како граѓани на јавните места кај што се движиме. Министерството за внатрешни работи треба да се замисли какви се активностите нивни, која е нивната задача во однос на безбедноста на граѓаните и на учениците. Вакви настани веќе се навикнавме да биде пракса, да се случуваат секаде и во секое време, рече градоначалникот за ТВ Стар.

Тој посочува дека ова е сериозен проблем кој сите заеднички треба да го решаваме и да го сфатиме многу сериозно.

-Училиштата се места каде треба да се образуваат, воспитуваат учениците, а не да бидат малтретирани или не дај Боже да се случуваат вакви немили настани. Мотивите не ги знаеме. Веројатно МВР ќе поработи на откривање на мотивите и на сторителот, истакна градоначалникот.

 

To top