Македонија

Имаме добра безбедносна состојба во Македонија, вели министерот за одбрана Владо Мисајливски

Имаме добра безбедносна состојба во Македонија, истакна вечерва во „Тема на денот“ на телевизија Сител министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

-Имаме добра безбедносна состојба во Македонија. Гледајќи го опсегот на нашите соседи, исто така и од нив добиваме извештаи, анализи, но треба да внимаваме со некои прокси елементи нешто што се случува во соседни земји, различни келии што го работиме и нашите служби одлично ја вршат таа работа, изјави Мисајловски.

Постојат хибридни закани, имаме помош од нашите стратешки партнери во оваа борба од надворешни закани вели министерот Мисајловски

-Има доста хибридни закани, во делот на неконвеционални закани во делот каде што може со економска, политичка моќ да загрозат некои институции, но можам да се заблагодарам на нашите стратешки партнери што дирекно ни помагаат во оваа борба со надворешни закани, и ова прашање ќе биде актуелно во наредните десетици години вклучително заедно со вештачката интелигенција, истакна Мисајловски.

Македонија има стратешки пријатели во НАТО и надвор од НАТО вели министерот Владо Мисајловски.

Она што е важно во овај период што Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, потенцираше вечерва Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top