Македонија договор

ИЈЗ и Алкалоид потпишаа договор за соработка

Институт за јавно здравје и Алкалоид АД Скопје, денес потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се воспоставува рамка за долгорочна научна, техничка, едукативна и апликативна соработка и се реафирамираа заедничките заложби за заштита на јавното здравје, се вели во Фејсбук објавата на директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Во време на глобални предизвици, кога јавноздравствените прашања се во центарот на општествениот интерес, нашата заедничка одговорност е да понудиме сигурност, квалитет и иновација. Соработката со „Алкалоид“ претставува вистински пример за тоа како јавна институција и приватен сектор можат да работат заедно – не само за сопствена корист, туку за општо добро. Со обединување на научната експертиза на Институтот и долгогодишното искуство на „Алкалоид“, создадовме основа за нови стандарди во јавноздравствените практики. Придобивките се многубројни: од јакнење на институционалното партнерство и развој на нови методологии, па сè до зголемена регулаторна усогласеност и градење на доверба кај граѓаните и меѓународните тела, истакна Андоновска.

To top