Македонија Обвинителството избрза и не ја дочека ДКСК

Игри без граници: Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Обвинителството, симптоматично, не остана на зборот и не ја почека ДКСК. Првично, токму обвинителството соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија.  Познавачите на состојбите ваквиот избрзан и изнасилен чекор на Обвинителството го поврзуваат со јавно познатата спрега со врхушката на СДСМ и ДУИ, за која јавно посведочи поранешниот премиер и претседател на социјалдемократите Зоран Заев, автор на „распупеното судство и обвинителство“. Не бадијала, довербата во Обвинителството падна на аларманти 1%, а на судството на „подобри“ од нив, 2%.

Игри без граници: Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Обвинителството потврди дека примиле „анонимна“ кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина, за да ги исполни условите и да биде назначен за директор на тајната служба. Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа “Јулија”, а сертификати од “Јулија” во судски постапки во Македонија веќе се прогласени за фалсификати.

-Во текот на вчерашниот ден е примена кривична пријава од анонимен подносител, по што согласно законските одредби е отворен предмет и доделен на обвинител за работа,  одговорија од обвинителството за Телма.

Ова е прва предистрага во обвинителството за Христовски и неговото назначување поради сомнежи дека не исполнува повеќе услови за вршење на највисоката безбедносна позиција во државата.

Обвинителството, симптоматично, не остана на зборот и не ја почека ДКСК. Првично, токму обвинителството соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија.  Познавачите на состојбите ваквиот избрзан и изнасилен чекор на Обвинителството го поврзуваат со јавно познатата спрега со врхушката на СДСМ и ДУИ, за која јавно посведочи поранешниот премиер и претседател на социјалдемократите Зоран Заев, автор на „распупеното судство и обвинителство“. Не бадијала, довербата во Обвинителството падна на аларманти 1%, а на судството на подобри од нив, 2%.

Одлуката на ДКСК ја чекаше и премиерот Мицкоски. ДКСК нема овластувања и законски механизми за истражни дејствија и порача дека секој може да си ги работи истрагите и обврските согласно законските надлежности.

Премиерот Мицкоски посочи дека стажот од  условите не е клучен во целиот случај туку стравот на некои структури е во некои припадници на службите, кои во  претходниот период, кои следеле членови на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски извади и купче документи, фалсификувани јазични сертификати на припадници на сегашната опозиција или директори од времето на владеење на СДСМ.

To top