Според временската прогноза, за утре се прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
За попладне, во западните делови од земјата, се прогнозира појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот и утре ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Дневната температура утре ќе биде од 31 до 42 степени.