Македонија МВР

И на денот на гласањето скопјани ќе можат да ги подигнуваат своите лични документи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот.

И на денот на гласањето скопјани ќе можат да ги подигнуваат своите лични документи

Граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје, соопштија од МВР.

„Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот“, соопштија од МВР.

-Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје, потенцираа во денешното соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top