Македонија Грубиевите игри на не/среќа

Хронологија на аферата на Груби, Прпарим и Хамза и изнајмената „куќа“ за 21.000 евра за Лотарија

За потсетување, директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмуваше локал за баснословни 21.000 евра месечно (700 евра дневно!) од фирма чиј што дел беше член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на неверојатни 10 години? Проблемот е што двајцата наведени беа дел од кабинетот на Артан Груби во министерството за политички систем!? Една година потоа, откако се смени власта, полицијата врши претреси во нивните домови….

Хронологија на аферата на Груби, Прпарим и Хамза и изнајмената „куќа“ за 21.000 евра за Лотарија

Пред цела една година – Артан Груби, ДУИ, Ковачевски и Лотарија повеќе пати беа прозивани од тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ за скандалот како тоа директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмува локал во скопско Визбегово за цели 21.000 евра месечно (700 евра дневно) од фирма чијшто дел е член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на неверојатни 10 години?

„21.000 евра месечно, 10 години, 252.000 годишно, вкупно 2 милиони 520.000 евра. Исто така, за годинава Лотарија предвидела речиси милион евра, над 970.000, за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал!,“ истакна тогаш на прес-конференција Наум Стоилковски како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Проблемот е што двајцата хаведени беа дел од кабинетот на Артан Груби во министерството за политички систем!?

Шабан Хамза, всушност отвора портал ХЕЈ.МК каде главен условно клиент е Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, инаку уште еден вработен во министерството на Артан Груби, со задолженија за рекламирање на ДУИ. Аферата продолжува со инфото дека локалот кој што е изнајмен е од фирмата „ХЕЈ“, на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, е ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај?!

Во превод, тојца вработени кај Артан Груби биле во бизнис со партнерот на Ерџан Сулкоски (за којшто Али Ахмети  твдеше дека не го познава).

Тогаш,  ЈО за организиран криминал молчеше и не гледаше поврзаност со ДУИ и Али Ахмети. За овој скандал пишуваше и „Слободна Европа“, домашната канцеларија на странски медиум. И тие пишуваа дека не добиле никаков одговор од институциите.

Да се потсетиме на хронологијата:

„ХЕЈ“ ДООЕЛ е компанија којашто во 5 месеци прави чудо од бизнис. Основана на 02 февруари, на 22 март купува објект од речиси 3.000 квадрати, се пријавува на тендер на Лотарија во мај, и на 5 јули добива договор тежок 2,6 милиони евра!

За пет месеци од формирањето до бизнис тендер од 2,6 милиони евра! Секако, фирмата е на Армин Машовиќ, компанија за консалтинг, маркетинг и за медиумска застапеност.

Порталот ХЕЈ.мк е регистриран еден месец пред фирмата да започне, значи во јануари, од Шабан Азмовски, Хамза, инаку член на Управниот одбор на акционерското друштво на Државна лотарија, и вработен во министерството на Артан Груби!

Најголем огласувач на ХЕЈ.МК е фирмата на Фидан Селими, со информации, и видеа од и за ДУИ, а Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, е уште еден вработен во министерството на Артан Груби!

Тоа е шемата, прашањата на тогашната опозиција беа јасни:

„Како тоа Перпарим, директорот од Лотарија најмува простор од фирма каде дел Шабан Хамза, член на Управниот Одбор на Лотарија?

Дали Перпарим од Лотарија ќе каже дали не знаел дека Шабан Азмовски, Хамза го регистрирал името на порталот ХЕЈ на фирмата каде ќе истурат 2,6 милиони евра?

Артан Груби мора да каже како тоа во Лотарија завршиле и Перпарим Бајрами и Шабан Азмовски, Хамза, но и оној со фирмата „Медиа Девижн 2021“, Фидан Селими.

А, Али Ахмети и Димитар Ковачевски мора да одговорат како сите големи државни тендери се вртат околу зетот на Ахмети и неговиот бизнис ортак Ерџан Сулкоски?

И секако СДС мора да одговори до кога молкум ќе слугува на криминалниот клан?

Реакцијата, бришењето на порталот, односно неговото т.н. „Рушење“, покажува нервоза и открива многу повеќе од тоа што се сака да се сокрие.“ јавно посочи пред една година тогашниот портпарол Стоилковски.

Една година потоа, Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Според информации на Курир, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден.

Извори за Курир брифираат дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.

При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари.

Артан Груби, од пред само два дена „поранешен“ висок функционер на ДУИ се наоѓа на Косово.

По медиумските објави дека човекот кој минатиот понеделник се разбуди на црната листа на САД за случај со значителна корупција и директна вмешаност во судски скандал со мито и корупција е во бегство и на Косово, лично Груби пиша и потврди на Фејбук дека е на Косово во наводна приватна посета, демантирајќи дека избегал.

-Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство, напиша Груби.

Сепак, останува неизвесно дали навистина ќе биде така.

Најнови вести од Македонија

To top